04 Мај, 2024
0.0271

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра ново раководство, Заев кажа во кој правец ќе се движи партијата и што ќе понуди

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

СДСМ ОДРЖА КОНГРЕС, ЗАЕВ КАЖА ВО КОЈ ПРАВЕЦ ЌЕ СЕ ДВИЖАТ

Радмила Шекеринска и официјално замина, а нов заменик на лидерот Зоран Заев во СДСМ е Сања Лукаревска. 

Според наши информации, Шеќеринска на овој конгрес пред делегатите кажа дека се заборавени нивни соборци, а им дале шанса на некои кои во време на режим седеа по дома. Некои од делегатите реагираа дека врз Стојко Пауновски, разрешениот директор на ДПИ,  партијата извршила неправда, со неговата смена. 

Венко Филипче, Мила Царовска, Фатимир Битиќи и Оливер Спасовски се избрани за потпретседатели на СДСМ на конгресот. 

Новиот состав на ЦО му даде уште еден мандат на досегашниот партиски секретар, кој е сега и вицепремиер за спречување корупција вицепремиерот Љупчо Николовски останува генерален секретар на СДСМ.

Перо Костадинов, градоначалникот на Валандово е претседавач со ЦО. 

На местото на Душко Весковски нов организациски секретар е Мартин Попов.

Ја јакнеме арматурата на нашата држава, изјави на Конгресот премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, додавајќи дека се зајакнати меѓуетничките односи, и дека никаква блокада нема да ги демотивира. 

„Благодарност до мојата другарка Радмила, што беше моја заменичка во најтешките времиња“, рече Заев. 

Предложени се 120 кандидати за Централниот одбор, и 9 кандидати се за Надзорен одбор. Повеќе од две третини се нови членови. Заев рече дека од 120 кандидати, 60 се жени. Простор им се дава и на младите.  Вели дека поставиле нови стандарди на политичката сцена во Македонија. 

„Денес социјалдемократското семејство брои над 80.000 членови и расте. СДСМ е партија на сите граѓани, за сите граѓани“, вели Заев. 

ДЕНЕС ИМА 62 НОВИ ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 33, Гостивар и Струмица – по 4, Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Куманово – 2, Тетово, Велес, Кочани и Кратово – по 1.

Регистрирани се 245 оздравени пациенти од:

Скопје – 148, Битола – 17, Струмица – 15, Виница – 9, Кочани – 8, Кичево – 7, Прилеп, Тетово и Штип – по 6, Куманово – 4, Велес и Берово – по 3, Гостивар, Свети Николе, Делчево, Валандово и Пехчево – по 2, Ресен, Радовиш и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно 14 починати лица: 6 од Скопје (58г,60г, 63г,72г , 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 10 лица во болнички услови.

НА БЛИСКИОТ ИСТОК НОВИ ЖРТВИ

Амнести Интернешнл на Твитер објави дека судот во Хаг мора да го испита нападот врз кампот Ал Шати. Додаваат дека директните напади врз цивили се воено злосторство и дека нападот врз зградата на медиумите мора да се испита како таков.

Десет члена на едно семејство се убиени во израелските воздушни напади вчера. Зградата во која се наоѓаа канцелариите  на Асошиејтед Прес, Ал Џезира и Кувајтската телевизија беше урната. 

Во бегалскиот камп Ал Шати беше убиено семејство.Три згради беа уништени во нов напад денеска, при што загинаа 33 лица, 12 жени и осум деца. 

КРИТИЧНО ВО ИНДИЈА

Голготата во Индија нема крај. Во државата има 4.000 починати лица од коронавирус во еден ден, а многу тела се  пронајдени во реките. 

Веќе трет ден по ред има мало намалување на бројот на заболени, но вирусот „коси“. Има нагло зголемување на бројот на заразени во држави како Тамил Наду на југ и во руралните области. Вирусот брзо се шири во овие области откако ги уништи градовите.

Индија има вакцинирано нешто повеќе од 40,4 милиони луѓе или само 2,9 проценти од вкупното население чиј број е 1,35 милијарди жители. Индија ќе има 516 милиони дози на вакцина против коронавирусот до јули, изјави вчера министерот за здравство Харш Вардан.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила