02 Мај, 2024
0.0296

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се бара оставка од Заев, реакциите не стивнуваат за интервјуто

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

СЕ БАРА ОСТАВКА ОД ЗАЕВ

Оставка на Заев, слобода на народот, повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од протестот пред Владата. 

Вели дека има работи кои се свети и за кои не се преговара. 

„Време е да ја кренеме главата и да се изборат Македонците за своите правдини. Ова што Зоран Заев и го прави на Македонија е срамно. Срамно е измамништвето негово“, вели Мицкоски. 

Ги наброја имињата на сите херои на чии коски газел Заев со додворувањето во Бугарија. Вели дека ова е протест кој е надпартиски и против лудилото на еден човек. Рече дека како поединци не можеме ништо, но заедно можеме многу. 

„Заев не е Македонија. Морате сега да бидете погласни и да се спротивставите“, му порача Мицкоски на членството на СДСМ. 

Професорката Eлка Јачева Улчар  вечерва на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата изјави дека татковината е земја која те храни и кога немаш пари во џебот. 

Aктерката и поранешна пратеничка и претседателка на Форумот на жени на СДСМ, Софија Куновска бара премиерот Зоран Заев да си поднесе оставка. 

Вели дека Заев, заедно со своите најблиски соработници, треба да замине веднаш од СДСМ и од функцијата премиер. 

РЕАКЦИИ ОД ЗАХАРИЕВА И КАРАКАЧАНОВ

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева денеска во интервју за Ефе изјави дека Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија додека не се стави крај на „говорот на омраза кон се што е бугарско“, јави БГНЕС.

Захариева вели дека односите меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да наликуваат на односите меѓу Шпанија и Латинска Америка.

Заев направи мал чекор во вистинска насока, но треба писмен документ, изјави Красимир Каракачанов, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана. 

Тој денеска рече дека интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС  е „мал чекор во вистинска насока“ и оцени дека ако се оди со оваа брзина, може Македонија да ги започне преговорите со ЕУ.


ДЕНЕС НАД 1.100 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-472, Куманово-58,  Дебар-2, Штип-43, Прилеп-78, Тетово-61, Струга-29, Велес-32, Битола-87, Охрид-47, Кавадарци-32, Гостивар-22, Гевгелија-1, Струмица-39, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-10, Македонски Брод -10, Пехчево-1, Берово-9,  Валандово-5, Виница-2, Делчево-12, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-26, Ресен-17, Неготино-11. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1094 оздравени пациенти од: Скопје-560, Куманово-55, Дебар-5, Штип-32, Прилеп-59, Тетово-51, Струга-22, Велес-35, Битола-47, Охрид-38, Кавадарци-31, Гостивар-26, Гевгелија-5,  Струмица-17, Крива Паланка-11, Радовиш-13, Крушево-3, Кочани-18, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-6, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-8 ,Кичево-16, Ресен-4, Неготино-18.

Починати се 30 лица, девет пациенти од Скопје (46, 54, 59, 67, 82, 67, 55, 64 и 61г), двајца од Куманово (62 и 69г), еден пациент од Штип (72г), еден од Велес (78г), шест пациенти од Битола (60, 77, 38, 66, 72 и 39г), тројца од Гостивар (56, 66 и 63г), еден пациент од Гевгелија (65г), еден од  Струмица (77г), еден од Кочани (65г), двајца од Делчево (66 и 68г), еден од Кратово (65г), еден од Кичево (61г) и еден пациент од Неготино (84г). Пациентите се починати во болнички услови.

ЖЕСТОКА РАСПРАВА ЗА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

Николче Петковски, поранешен директор и претседател на Управниот одбор на Еуростандард банка, тврди дека во банката ниту имало криминал, а уште помалку имало организиран криминал.

Ова тој го кажа во емисијата на ТВ 24, по обраќањето на неговиот поранешен газда, Трифун Костовски, кој токму него го обвинува за криминалот.


„Намерно во изминатиов период јас се јавив само еден демант на 16 август, бидејќи сметав дека има институции, се тераат некакви постапки, процедури, се отвори стечајот, а дали требало или не, тоа е предмет на дискусија. Затоа не сакав да се појавувам, ниту да влијаам на овој или на оној начин. Но, одлучив да се појавам, и ќе пвторам, ниту има криминал, ни организиран. Во јавнсоат се расфрлаат бројки, и не знам врз основ на какви анализи тоа се прави, се споменуваат фамозни 60 милиони, за кои на крај испадна дека се 55 милиони, а тоа се всушност нефункционалните кредити, кои се во билансот на банката на денот на отворањето на стечајот. Нефункционални кредити и ненаплатливи кредити се две различни категории и поими. Така што, мисам дека треба да се престане со таквите расфрлања со цифри, без никаква поткрепа, и без никаква анализа“, рече првично Петковски.

Трифун Костовски еден од сопствениците на Еуростандард банка, вели дека криминалот во банката е 110 милиони евра, а не 60.

Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција, вели дека во случајот со Еуростандард банка станува збор за големи суми пари за кои се води предистражна постапка, и тоа и за злоупотреба на службената полжба, перење пари, фалсификати, измами, но и за начинот како е дојдено до несолвентност на банката.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На почетокот се даваа антималарици, антихив терапија, потоа антикоагуланти, кортикостероиди, ковалесцентна плазма, озонотерапија, антибиотици....Во трката да се победи корона вирусот, од почетокот на епидемијата во земјава, постојано се менува терапијата на пациентите. 

Замрзнат е имотот на еден од сопствениците на Еуростандард банка, Трифун Костовски, според него, вреден над 100 милиони евра. 

Оваа вест, откако ја објави и самиот Костовски, ја потврдија и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. 

Откако почна пандемијата на коронавирусот, од агенциите за недвижности забележале дека се промениле навиките на граѓаните за купување на имоти. Велат дека најчесто се бараат станови, за сметка на куќите.

Министерството за култура со дозвола од Владата во последниот број од Службен весник за прв пат ги објави новите коефициенти за пресметка на платите на директорите од националните установи под негова надлежност.

Можеби ќе ве интересира

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана