02 Мај, 2024
0.0286

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се исцртаа контурите на новата Влада, има старо - нови кадри

Објавено во: Македонија 19 Август, 2020

Добивај вести на Viber

КОЈ СЕ ВЛЕГУВА ВО НОВАТА ВЛАДА?

Штипскиот градоначалник Благој Бочварски ќе биде министер за транспорт и врски, неофицијално дознава Фактор. 

Мила Царовска ќе го води Министерството за образование, Бојан Маричиќ Министерството за правда, Никола Димитров ќе го води Секретаријатот за Европски прашања и ќе биде вицепремиер за европски прашања, Радмила Шеќеринска Министерството за одбрана. 

Ирена Стефoска ќе биде министер за култура. 

Јагода Шахпаска ќе биде министер за труд и социјална политика. 

Фатмир Битиќи ќе биде вицепремиер за економски прашања. 

ДУИ го објави списокот на предлог министри за новите министерства во кои ќе има свои кадри. 

Ова се кадровските решенија: 

Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за информатичко општество – (ќе биде дополнително одлучено)
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби

Талат Џафери останува собраниски спикер.

ПОВЕЌЕ ОЗДРАВЕНИ ОД НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-18, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-4, Велес-4, Гостивар-9, Струмица-2, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од: Скопје- 32, Дебар-1, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-4, Велес-3, Битола-5, Гостивар-11, Кочани-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-8, Свети Николе-9, Кичево-12.

Починати се двајца пациенти од Куманово (64г и 72г), во болнички услови. 

ПРИЈАВА ЗА НЕФИ УСЕИНИ


МВР преку секторот за внатрешни работи Охрид до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против Нефи Усени (45) и неговиот 48-годишен брат Ибро Усеини од Охрид, откако вчера охриѓанецот Спире Топалоски рече дека советникот во општината од редовите на ДУИ, инаку познат и по дивоградбите, го удирал со пиштол по главата во охридски хотел.

Полицијата потврдува дека во случајот постојат основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.

МВР по наредба на јавен обвинител синоќа извршиле претрес во домовите на Нефи Усеини и неговиот брат. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Оваа година во струмичко има доволни количини на произведена пиперка ајварка, и таа освен што ќе биде пласирана на домашниот пазар, ќе биде извезена во Хрватска, Чешка, Полска и Романија.

Колку пари ќе треба да им исплати Фондот за осигурување на депозити на штедачите на Еуростандард банка, ќе каже стечајниот управник, откако ќе ги скенира книгите и податоците на банката. 

Кога беше објавено дека се укинува дозволата за работење на Еуростандард банка, надлежните соопштија и дека во банката има над 130 илјади штедачи, кои главно ќе бидат обесштетени преку Фондот за осигурување на депозити, односно во таа група ќе влезат сите оние кои имале штедни влогови до 30 илјади евра, а кои согласно законите, треба да бидат целосно намирени. 

Низа недоречености останаа во однос на почетокот на новата учебна година. И наставниците и родителите имаат безброј прашања на кои досега не добија одговори, но реакциите и револтот кај голем дел од нив не стивнуваат по вчерашната одлука само децата од 1 до 3 одделение со физичко присуство да следат настава во училиште, а поголемите ученици да учат онлајн.

Државниот пазарен инспекторат остварил убедлив рекорд во сума на изречени казни во 2019, според извештајот што го објави за работата во ланската година, а се работи за 220 милиони денари, или повеќе од 3,5 милиони евра, нешто што ни приближно не се остварило до сега.

ТЕЦ Неготино е уникатна компанија во домашната економија. Не е „ендемски вид“ туку е „единствениот еднорог“. Оваа термоцентрала е „ладна резерва“ на македонскиот електроенергетски систем.

Остри тонови, отровни стрели, уцени, неприфаќање на коалиција - тоа беше суштината на односите на двете коалициони партии СДСМ и ДУИ пред изборите, но делумно и по обелоденувањето на изборните резултати по 15 јули годинава.

Голем е интересот на инвеститорите кои избираат да ги вложат своите средства во атрактивната обврзница од првата емисија на ТТК Банка АД Скопје на секундарниот пазар на Македонската берза.

Можеби ќе ве интересира

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично