02 Мај, 2024
0.0683

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Софија ги спомнува бугарските пасоши, Заев вели дека веќе не знае каков проблем имаме со Бугарија

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

СОФИЈА СЕ ПОЧЕСТО ГИ СПОМЕНУВА МАКЕДОНЦИТЕ СО БУГАРСКИ ПАСОШИ

Соседна Бугарија нема да ја тргне блокадата за Македонија. 

„Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Северна Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе“, наведуваат од бугарското МНР. 

Бугарија нема да ја промени својата позиција кон Македонија во следните месеци, велат од бугарското МНР за „Труд.бг“.

„Оваа позиција е предмет на консензус на партиите и со 84 проценти поддршка во јавното мислење. Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Северна Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе“, наведуваат од бугарското МНР.

За евентуалниот анекс кон Договорот за добрососедство, од Министерството велат дека тоа не може само по себе да ги реши отворените прашања во односите со Македонија.

ЗАЕВ ВЕЛИ ДЕКА ВЕЌЕ НЕ ЗНАЕ КАКОВ ПРОБЛЕМ ИМАМЕ СО БУГАРИЈА

Maкедонскиот премиер Зоран Заев вели дека лесно е да кажеме сите нека нема двојни државјанства гледано низ дискурсот на моментот на разговорите со Бугарија. 

Но, вели дека притоа заборавивме дека има повеќе од 2 милиони наши жители надвор низ светот, и тоа е наша дијаспора. 

„Тоа се огромни афирматори на македонштината и на македонскиот народ и држава“, рече денес премиерот Заев рашан дали би поддржал законско решение со кое би се регулирала обврска македонските јавни функционери и политичари задолжително и транспарентно да декларираат дали имаат повеќе од едно државјанство.

Вели дека не може да каже дали ќе поддржи или не. 

„Голем дел од нашите граѓани се државјани на многу други европски земји и многу често тоа ни е добредојдено. Треба да ја издискутираме оваа работа, ние не бегаме од дискусиите, сакам граѓаните наши да се изјаснат. Да имаме предвид дека тоа е и нашата дијаспора, ни требаат, е вредна. Имаат и други свои пасоши во Америка, Австралија, Германија, Швајцарија. Но, да чуеме што ќе кажат граѓаните“, рече Заев.

НАД 800 ЗАРАЗЕНИ И 20 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2664 тестирања, а регистрирани се 815 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-329, Куманово-37, Дебар-1, Штип-26, Прилеп-46, Тетово-51, Струга-28, Велес-24, Битола-52, Охрид-28, Кавадарци-31, Гостивар-36, Гевгелија-9, Струмица-20, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево –1, Берово-5, Валандово-5, Виница-1, Делчево-4, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-9, Неготино-19. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 396 оздравени пациенти од: Скопје-79, Куманово-27, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-34,  Тетово-29,  Велес-20, Битола-37, Кавадарци-15, Гостивар-32, Гевгелија-10, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Виница-4, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-3 и Неготино-6.

Починати се 20 лица, осум пациенти од Скопје (76, 65, 84, 64, 71, 80, 51, 74г), еден од Штип (82г), двајца од Прилеп (68 и 72г), еден од Струга (78г), двајца од Велес (70 и 65г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (68г), двајца пациенти од Гостивар (64 и 89г), еден од Струмица (63г) и еден пациент од Берово (77г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

ПРИЛЕПЧАНКАТА ВЕСНА НИКОЛОСКА Е НАЈДЕНА УДАВЕНА ВО ЕЗЕРО

Прилепчанката Весна Николоска на возраст од 50 години по која се трагаше е најдена удавена во езеро, дознава Фактор од нејзини блиски роднини. 

Последни кои ја виделе жената во близина на Мермерното езеро биле неколку деца, по што жената ја снемало. 

Таа на 16 месецов во 23 часот излегла од дома, по што не се вратила. Многу доброволци, но и надлежните се вклучија во акција за нејзино пронаоѓање. 

Можеби ќе ве интересира

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично