07 Мај, 2024
0.0235

ФЕИТ одржа свечен наставно-научен совет

Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

    Факултетот за електротехника и информациски технологии, денеска, одржа Наставно-научен совет на кој присуствуваа сите членови на Советот, но и министерот за образование и наука, Арбр Адеми, вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор д-р Никола Јанкуловски и претставници на компании со кои соработува Факултетот.

На свечената седница по повод 60 годишниот јубилеј, деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, рече дека Факултетоте една од водечките високо-образовни институции во државата и регионот.

„Ваквата позиција е резултат на придонесот на голем број генeрации вработени, кои го вложиле и го вложуваат својот личен, наставен и научен капацитет во развојот на Факултетот. ФЕИТ верува дека развојот на општеството не е можен, посебно не на општество кое се базира на знаење, без создавање научен подмладок. Во услови кога во последните десетина години државата речиси и не вложуваше во високото образование и науката, ФЕИТ водеше политика на обезбедување и подготовка на млад научен кадар. Исто така, во овој период, голем дел од енергијата на наставниците беше и е насочен кон меѓународната соработка“, рече Ташковски.

Во своето обраќање, министерот за образование и наука, Арбр Адеми го честиташе јубилејот на ФЕИТ, потенцирајќи дека како држава треба да се гордееме на постигнатите резултати.

„Шеесет години од основањето, 60 години традиција, успеси, значајни постигнувања и достигнувања. Резултати со кои се гордееме и од сè срце Ви го честитам јубилејот. Се заблагодарувам за целиот Ваш придонес кон севкупниот општествен развој на државата, имајќи ја в предвид квалитетната реализиција на наставата, на образовниот процес и на научно-истражувачките активности. Ве уверувам дека поддршката од државата, од Владата, од МОН ќе продолжи. Доколку, навистина, сакаме да напредуваме, да постигнуваме резултати, да бидеме конкурентни, тогаш треба да се инвестира во образованието“, додаде Адеми.

За ректорот  професор д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „ФЕИТ е единствен факултет во државата кој создава кадри во сферата на електроенергетиката, информациските и комуникациските технологии во своите студиски програми. За бројките проговори деканот Ташковски, но јас сакам да го потенцирам квалитетот на инженери кои произлегуваат од оваа високо-образовна институција. Тоа се инженери кои влијаат на развојот на инженерската мисла, инженери кои праткично ги реализираат идеите во дела, инженери кои учествуваат во креирање на сите изуми на човештвото. Нивниот квалитет, секако, се базира на квалитетите на секој од Вас како поединец и како колектив“.

Факултетот додели плакети на институции, компании, професионални и студентски организации за досегашната успешна меѓусебна соработка и придонес во развојот на електротехниката и информациските технологии.

Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“