05 Мај, 2024
0.0232

Фестивалот „Браќа Манаки“ го доби својот нов директор

Објавено во: Стил 20 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Првиот човек на дистрибутерската куќа „КТ - филм и медиа“ и продуцент Димитар Николов - Таки е новоизбраниот директор на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Тој е одбран со 29 гласови и четири неважечки, со што ја победи противкандидатката, филмската критичарка Сунчица Уневска.

„Ќе го водам фестивалот во нови победи, во една иднина што ќе биде уште подобра од досегашната, во која филмските професионалци ќе бидат издигнати на пиедестал што го заслужуваат, во Македонија“, изјави новоизбраниот директор на фестивалот „ Браќа Манаки“, Димитар Николов-Таки.

Претседателот на Собранието на филмски професионалци Роберт Насков истакна дека при овогодинешниот избор критериумите биле подигнати, со што новиот директор треба да поседува менаџерски вештини, да има продуцирано барем 3 долгометражни филмови и да има искуство најмалку 3 години во организирање или водење на слични манифестации или големи настани.

Пред Николов - Таки, со фестивалот раководеше Лабина Митевска, која оваа година не се пријави за позицијата директор на „Браќа Манаки“.