Фицо: Балканот повторно гори, нервозата ќе продолжи да расте
Објавено во: Балкан 19 Декември, 2017
Во Њујорк словачкиот премиер, Роберт Фицо по разговорите со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека е важно на некои држави од Балканот да им се понуди европска перспектива.
„Балканот повторно гори, неопходна е европска перспектива. Во спротивно нервозата во регионот ќе продолжи да расте“ – рече Фицо.
Тој со Гутереш разговарал и за словачкиот проект чија цел е да го ограничи приливот на мигранти, а е изработен во соработка со други земји.
„Мораме да продолжиме со проекти и вон ЕУ и да ги поместиме прашањата за миграција во овие трети земји. Словачка е подготвена да поддржи и одговорни проекти внатре во ОН“ – вели Фицо
Тој истакна дека е важно ОН да бидат силни, особено затоа што ЕУ не е доволно силна повеќе да се ангажира по некои прашања.