Филипче доби вредносен чек од Кина
Објавено во: Македонија 16 Април, 2020
Министерот за здравство Венко Филипче прими вредносен чек од Кина како донација во справувањето со епидемијата предизвикана од кроонавирусот. Станува збор за парични средства од 30.000 евра.
„Благодарност до Народна Република Кина и амбасадорот Џанг Ѕуо за донацијата од 30.000 евра. Овие средства ќе бидат искористени за набавување на опрема за справување со КОВИД-19 за здравствените работници и епидемиолозите. Опремата ќе биде добредојдена за деновите кои претстојат при извршувањето на работните обврски во јавно-здравствените установи“, напиша Филипче на Фејсбук.
На 18. април се очекува да пристигне и дополнителна опрема од Н.Р. Кина - маски, каљачи, ракавици, реагенси, заштитни очила и скафандери.