Филипче: Нема паника за лекови, порано имало злоупотреби
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2019
Нема паника и турканици во аптеките, лекови има во секое време. Ова е еден од аргументите на владејачката СДСМ со кој денеска настапија на трибина пред граѓаните во Гостивар.
„Нема веќе квоти во аптеките. Нема гужва, турканици, нема паника дали ќе го најдеме лекот, дали ќе го има до петти или десетти во месецот. Нема потреба да трчаме по аптеките и да ги бараме лековите. Лекот го има секој ден во аптеките. И замислете, без зголемен трошок. Значи, пари имало, но имало и големи злоупотреби“, рече министерот за здравство, Венко Филипче на партиска трибина.