08 Мај, 2024
0.0239

ФИРМИТЕ ЈА ПРЕДУПРЕДИЈА ВЛАСТА - носењето маски да не биде изговор за казнување

Објавено во: Економија 27 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Дел од бизнисот се јави со забелешки за владините уредби кои се наметнати за компаниите за заштита на граѓаните од коронавирусот. Сигурното носење маски треба да го обезбеди Владата, а не фирмите, бидејќи тоа за нив е плус товар, се дел од критиките. Да не излезе неносењето маски да биде една од причините за казнување на фирмите во вакви тешки услови за економијата.

Од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија велат дека ги имаат ориентирано нивните цели кон одржување на едно високо ниво на соработка со државните институции и високо го цени воспоставеното партнерство со тие институции. СКСЗМ ја поздравува работата на Владата на Република Северна Македонија и на сите други институции ангажирани во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Сепк, има и забелешки.

„Сметаме дека донесувањето на Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот и заштита на населението за време на вонредна состојба, иако во принцип ја има како цел заштитата на јавното здравје, таа е неприфатлива за деловната заедница од неколку причини: Обврската според член 3 од уредбата со законска сила за компаниите да се грижат за однесувањето на граѓаните во однос на носење заштитни маски, е дополнителен товар што ниту еден бизнис не може да го носи, а во тој случај се загрозени сите бизниси, особено тие микро и мали, кои се уште повеќе загрозени во овој период на пандемија. Одговорни за однесувањето и дисциплината на луѓето треба да бидат органите за одржување на редот, а не бизнисите, односно нивните сопственици или директори“, велат од Стопанската комора на Северозападна Македонија. 

Според нив, таа уредба со законска сила предвидува глоба во износ од 2.000 евра за правните субјекти и глоба на износ од 500 евра за одговорното лице на деловниот простоp, во случај ако истите постапат спротивно на одредбите од членот 3, со тоа што му дозволуваат на потрошувачот без заштитна опрема влез во нивните деловни простории. 

„Ова е двоен проблем затоа што ја враќа претходната практика на казнување на компаниите, што оваа Влада презеде одговорнот за да престане и да не ги повторува тие практики. Притоа, единствените сектори кои се ликвидни во овој период на глобалната криза се повеќе изложени на можни казни од страна на разни службеници, кои дури можат потенцијално да ја злоупотребат службената позиција“, велат од комората. 

Исто така, повикуваат на усогласеност со член 4 од уредбата со законска сила, обврската за надгледување на спроведувањето на одредбите од овој акт да спаѓа во надлежност на Министерството за внатрешни работи, а не на товар на компаниите, со цел да се минимизира можноста за казнување на компании што се единствениот извор на приходи на државата во овој период на криза. 

СКСЗМ секогаш ќе ги поддржува иницијативите за зголемување на нивото на безбедност и зголемување на нивото на колективната социјална одговорност, но мора да се внимава да не се стори тоа на штета или на товар на економските субјекти, а најмалку во овој период кога малку економски сектори се рентабилни и ликвидни. 

„Апелираме до релевантните институции пред да се донесе каква било одлука, однапред да се консултираат претставниците на бизнисот, односно стопанските комори, со цел да се обезбеди разумност на тие одлуки и практично спроведување на истите, како и да се избегнат евентуалните колатерални штети што може доаѓаат како резултат на нивното донесување. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување