04 Мај, 2024
0.0257

Физичката неактивност го чини светот 67,5 милијарди долари

Објавено во: Стил 31 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Недостатокот на физичка активност светската економија годишно ја чини 67.5 милијарди долари, покажа меѓународната студија спроведена на милион луѓе.

За да се намали трошокот на лекување на болести и надомест после намалената продуктивност, потребно е да ги ангажирате своите мускули само еден час дневно.

Премногу седење е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес, и канцер, но активностите, како што е брзо одење, намалена шанса за прерана смрт која се доведува во врска со дневно седење подолго од осум и повеќе часови.

Се проценува дека таквиот вид неактивност предизвикува повеќе од пет милиони смртни случаи годишни-скоро исто колку и пушењето, од чии последици според податоците на СЗО секоја година умираат шест милиони луѓе.

Професорот на Норвешката школа на спортски науки и Универзитетот Кембриџ УЛФ, Окланд., вели дека умерен тренинг од 150 минути неделно, колку што препорачува СЗО, не е доволен, а дека ни тоа препорачано време за физичка активност  не го трошат речиси четвртина од возрасната светска популација.

„Не морате професионално да се занимавате со спорт или да одите на теретана, но потребно е барем еден час да потрошите на вежбање,“ рекол професорот препорачувајќи прошетка од 5,6 километри на час или возење велосипед 16 километри на час.