08 Мај, 2024
0.0276

ФОКУС НА ДЕНОТ: Јанева отворила боледување, ВМРО-ДПМНЕ има поинакви сомнежи за „Рекет“

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Катица Јанева го отворила боледувањето на 16 јуни, а известување за истото пристигнало денеска во Специјалното јавно обвинителство, тврдат од таму.и велат дека не знаат кога специјалната обвинителка во оставка ќе се врати на работното место.

- Важноста на боледувањето е ретроактивно, без разлика кога е доставено. Според прописите, боледување од специјалист моќе да трае најмногу 15 дена, а за понатаму одлучува комисија. Во моментов СЈО не знае од што боледува Јанева, ни одговорија од таму.

Обвинителката Јанева на 15 јули преку соопштение ја информираше јавноста дека поднесува оставка, се до избирање на нејзин наследник. Истиот ден, Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага за случајот „Рекет“, по што Бојан Јовановски и Зоран Милески беа осомничени и завршија во притвор.

Oд ВМРО-ДПМНЕ велат дека иако поминаа три дена, од обвинителката Катица Јанева ниту трага, ниту глас. 

Додаваат дека три дена не доаѓа на работа и три дена се крие и бега од одговори и одговорност. 

„Платата тешка илјадници евра ѝ стигнува на сметка, а нејзе ја нема. Кружат информации дека заминала од Македонија. Ова сигурно не е право и правна држава. Наместо да одговара пред законите, таа продолжува да ги влече конците, да овластува обвинители и да потпишува акти на СЈО. Станува сè поочигледно дека Македонија ја владее криминална банда која создаде нов рекетарски - судско – политичко - медиумски октопод. Пипците на овој октопод допираат до секоја пора во државата, а главата на овој октопод е највисокиот државен врв. Зоран Заев иако се прави наивен, постојат сериозни индиции дека токму тој во неколку наврати остварувал средби осомничените од рекетарската банда. Дали е точно дека изминатиот викенд еден од сега осомничените за рекет, дел од криминалниот октопод на Заев, славел заедно со Заев во еден од локалите во Охрид до раните утрински часови?“, прашуваат од партијата.

Прашуваат дали е точно дека еден од обвинетите имал чести средби со член на семејството Заеви во еден ресторан на кејот на реката Вардар во центарот на Скопје каде се договарале идни „жртви на уцени“, биле давани насоки и упатства?

Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител на Љубомир Јовески, за случајот „Рекет“, вели за Независен весник, обвинителката за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска. Заев рекол дека е подготвен да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Сепак, Рускоска вели дека советувала сведокот лично да дојде во Обвинителството и да пријави.

Таа на прес конференецијата во понеделникот кога го обелодени случајот рече дека сведокот е бизнисмен кој е оштетен и кој на осомничените им дал 1,5 милиони евра, но кажа дека тој сам пријавил за уценувањето. Значи сведокот го послушал Заев и отишол да пријави. Премиерот Зоран Заев вчера на прес конференција изјави дека нему му се јавиле некои бизнисмени од внатрешноста и се пожалиле дека биле под притисок и уцени. Сепак не сакаше да прецизира кои се тие

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија