БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024
Oбвинителот Џелал Бајрами денеска изјави дека наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение.
Вели дека станува збор за мал број на настани кои би имале елементи на кривично дело. Според Бајрами, може да се каже дека денот поминува мирно.
Повтори дека нивната мејл адреса е отворена за пријава ако некој го нарушува текот на изборниот ден.