Фокус на денот: Мицкоски не го дава името, се поднесуваат барања за амнестија, Југ ќе добие адвокат
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2018
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го допеа рефренот на песната „Едно име имаме“ денеска во Прилеп каде имаше протест. Тој порача дека нивниот кандидат ќе победи на следните претседателски избори, а потоа најави и триумф на предвремени парламентарни избори.
https://www.faktor.mk/video-mickoski-ja-pee-edno-ime-imame Пет барања за амнестија поднесени уште вчера, а четири имиња се веќе познати. Пратеникот Крсто Мукоски, Оливер Радулов, кој како вработен во УБК изнесувал хард дискови со собраниски безбедносни снимки, како и Никола Митревски Кољо и Младен Додевски, кои упаднаа со фантомки во законодавниот дом, се четирите имиња кои како обвинети за настаните на 27 април први поднеле барање за амнестија уште вчера по стапувањето во сила на законската можност.
Ако Игор Југ не добие амнестија доброволно се јавувам да го бранам про боно, вели адвокатот Александар Тортевски. Тој е еден од најгласните критичари на новиот закон за амнестија за дел од обвинетите за настаните од „крвавиот четврток“.
Македонија и денеска дише канцероген воздух. Високо загадени се Струмица, Битола, Тетово и Гостивар, а за нијанса помало загадување има во Куманово, Кичево, Кавадарци, Кочани. Ниско загаден е Дебар, а многу ниско Велес, покажуваат податоците од мерните станици.
https://www.faktor.mk/i-utrovo-se-dishe-otroven-vozduh-vo-makedonija