04 Мај, 2024
0.0274

ФОКУС НА ДЕНОТ: Се чека исходот од лидерската, Венгеловски разрешен

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Се очекува исходот од лидерската средба која се одржува вечерва помеѓу претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. 

За лидерот на СДСМ и во исто време премиер на земјава, Зоран Заев, легитимно право е опозицијата да бара предвремени избори, исто како што е право на сегашната власт да процени кој е приоритетот на државата во време кога, како што вели тој, се очекува датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

„Тоа е легитимно право опозицијата секогаш да бара избори, немам дилема за ниту едно прашање за кое можеме да разговараме. Нормално, нашиот став е она што е во интерес на државата. Мислам дека ова е невиден позитивен момент за нашата земја, време кога го чекаме датумот за почеток на преговорите, за полноправно членство во НАТО, треба да им дадеме шанса на владеењето на правото и економијата, затоа го кажав ова дека мандатот треба да биде завршен до крај. Тие повикуваат на предвремени избори, мојот коментар беше во ред, нека биде крајот на октомври 2020 година и остануваме на оваа позиција “, рече денес Заев.

Советот на судии на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд поради неговата непрофесионална работа. Ќе остане запаметен по толкувањето на овој суд според кое не треба да има разрешница за истрагите на СЈО отворени по јуни 2017. За вршител на должност на негово место е назначен Фаик Арслани.

Специјалното јавно обвинителство излезе со соопштение во јавноста во кое ја истакнува својата загриженост за иднината на овој правосуден орган, бидејќи се уште не е избран нов лидер на местото на притворената специјална обвинителка Катица Јанева без чие овластување не може да работи овој правосуден орган.

„Во врска со актуелните случувања сакаме да ја информираме јавноста дека сѐ уште немаме добиено писмен допис од страна на Јавното обвинителство на РСМ за да можеме да известиме дали и како ќе се постапува со предметите на ова Јавно обвинителство. Воедно, во оваа прилика сакаме уште еднаш да ја изразиме нашата загриженост поради фактот што до овој момент ниту е избран јавен обвинител кој ќе ја замени Јанева, ниту пак е донесено ново законско решение со кое што ќе се регулира статусот на ова Јавно обвинителство. Потсетуваме дека мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата“, велат од таму.

Правосудниот орган смета дека без раководно лице, не може да се исполнат обврските кон вработените, ниту да се обзебедат материјалите за работа.

Допрва ќе следи префрлување на предметите од СЈО кон ЈО и затоа треба во текот на овие денови да се договорат деталите. Потоа секој од предметите ќе биде распределен во надлежно обвинителство и процесите треба да почнат. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во изјава за МИА вели дека има надеж дека овој процес ќе тече брзо. Тврди дека ЈО има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети од СЈО

Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано