30 Април, 2024
0.0276

Фокус Вашингтон: Груевски е автократ, Реформаторите се шанса за ВМРО и Македонија

Објавено во: Македонија 18 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Магазинот Фокус Вашингтон објави анализа за политичката состојба во Македонија по долгогодишната криза која заврши со формирањето на владата од страна на премиерот Заев, но потсетува на автократското владеење на Никола Груевски кој ја поклопил како државата, така и партијата ВМРО-ДПМНЕ чиј се уште е лидер. 

Фокус Вашингтон потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ најпрво се залагаше за евроатлански интеграции на Македонија за потоа да ja ограничи слободата на медиумите, невладиниот сектор и слободата на говорот што било евидентирано и во бројните извештаи на меѓународните организации. 

Затоа сега, според Фокус Вашингтон, редно време е ВМРО-ДПМНЕ да се трансформира во модерна конзервативна партија која ќе ги одржува политиките десно од центарот, а шанса за тоа гледа во младите партиски кадри наречени „Реформатори“ меѓу кои е и Александар Михајловски.

„Во последните 14 години под водството на Никола Груевски партијата со постојани измени на статутот премина од демократска во автократска. Стана место каде сите одлуки се носат од мал круг на луѓе блиски до партискиот лидер. Ова доведе до рушење на волјата на членството и постојана промена на стратешките политики на партијата кои предизвикаа огромна штета на партијата, не само во земјата туку и интернационално“, вели Михајловски.

Фокус Вашингтон смета дека ВМРО-ДПМНЕ треба да ја одигра својата улога како конструктивна опозиција, како и да престане да се конфронтира со меѓународната заедница за што доволни беа прогласите на Груевски кон странските дипломати при што беше изразен отворен непријателски говор. За да се случат промените членството на ВМРО-ДПМНЕ треба да се ослободи од стравот наметнат во изминатите години. 

„Ние се стремиме кон реформи за да го демократизираме и модернизираме ВМРО-ДПМНЕ, при што ќе има отфрлање на негативните политики и индивидуалци кои имаат лош имиџ во јавноста. Ќе донесеме енергија која и е потребна на партијата за да се врати на политичката сцена како конструктивна опозиција која ќе работи на остварување на стратешките цели за интеграција во ЕУ и НАТО“, изјави Михајловски за Фокус Вашингтон.

Фокус Вашингтон потенцира и дека Груевски се свртел против Западот во изборната кампања, а негови коалициони партнери биле на средби во Русија. Токму тоа и го прекинал молкот на меѓународната заедница која подолго време не преземаше конкретни чекори иако ги гледаше последиците од наметнувањето на се посилниот автократски режим. 

Сега, Фокус Вашингтон смета дека со реформското движење постои голема шанса како за национален консензус за најважните прашања за македонската политика, така и за самата десничарска партија ВМРО-ДПМНЕ која е многу важна за воспоставување на целосна демократија базирана на принципите на слобода на изразување и одговорност на власта. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање