04 Мај, 2024
0.0305

ФОМ АПЕЛИРА: Фер изборна кампања и почитување на демократските вредности

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Предвремените парламентарни избори кои годинава се одвиваат под многу специфични околности, се предизвик за сите. Важно е, како никогаш до сега, во услови кои ќе обезбедат заштита на здравјето на граѓаните, сите чинители да покажат зрелост, институциите да спроведат фер и демократски избори и со тоа да се оневозможи каква било злоупотреба на изборниот процес. Тоа е уште еден чекор кон целта - исполнување на условите за непречено напредување во преговорите со Европската Унија. Од исклучително значење е институциите да обезбедат граѓаните своето право на глас да го остварат во услови кои ќе гарантираат заштита на нивното здравје. 

Во услови на епидемија очекуваме и политичките партии да се воздржат од организирање настани кои се спротивни на мерките за заштита на здравјето на граѓаните. Апелираме до политичките партии, во претстојните изборни кампањи да се воздржат од говор на омраза и дискредитација по кој било основ, но и од креирање атмосфера на нетрпеливост, недоверба и поларизација. Едновремено, ги повикуваме политичките партии да покажат капацитет за демократско управување, но и чувство на одговорност за иднината на земјата и да се воздржат од користење и пласирање на лажни вести. 

Во насока на обезбедување демократски избори, а во пресрет на отпочнувањето на преговорите со Европската Унија, очекуваме дека предизборната кампања нема да се користи за да се дискредитира работата на граѓанското општество, кое делува единствено во интерес на граѓаните со крајна цел подобрување на квалитетот на животот на сите, особено на оние кои живеат на работ на општеството. 

Во овој контекст, бараме од политичките партии и во изборните програми, но и понатаму, имајќи ја предвид мултикултурноста и мултиетничноста на нашата земја, да се заложат за вредностите на отвореното општество и да: - креираат и имплементираат политики со кои ќе се надминат структурните разлики кои се причина за нееднаквоста, обезбедувајќи еднакви можности за сите граѓани, - креираат и имплементираат политики кои ќе ја адресираат растечката дискриминација во земјата, - создадат услови во кои граѓаните, особено маргинализираните, ќе имаат можност да си ги остварат своите права, - создадат одржливи модели за континуирано и суштинско учество на граѓанското општество во креирањето и имплементацијата на релевантните политики. Ги охрабруваме политичките партии преку своите кампањи активно да придонесат кон создавање атмосфера на солидарност и поддршка кои ни се толку неопходни во наредниот период на здравствено, економско и општествено справување со последиците од епидемијата на КОВИД-19.

Со почит, Фондација Отворено општество - Македонија


Можеби ќе ве интересира

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави