18 Мај, 2024
0.0299

Фондацијата Отворено општество – Македонија донира дополнит и 1.260 хуманитарни пакети за најзагрозените ромски семејства

Објавено во: Македонија 27 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) будно го следи развојот на настаните врзани со здравствената криза и борбата со COVID – 19 и понатаму активно обезбедува помош и поддршка пред сè за маргинализираните граѓани чија заштита е наш највисок приоритет. ФООМ овој пат обезбеди дополнителни 1.260 хуманитарни пакети за загрозените ромски семејства кои се социјално и економски најдиректно засегнати, а кои не беа опфатени со првата дистрибуција на хуманитарна помош. Во соработка со Црвениот Крст, хуманитарните пакети ќе се дистрибуираат и ќе стигнат до домовите на над 5.000 граѓани од ромската заедница во 9 градови - Берово, Радовиш, Струмица, Кавадарци, Неготино, Кичево, Кочани, Штип и Велес. За непречено одвивање на активноста, Црвениот крст на терен ќе соработува со претставниците на ромски организации кои се дел од РОМАКТЕД програмата како и со Кризниот штаб на општина Берово. Голема благодарност за нивниот несебичен ангажман и пожртвувана работа. Ние во Фондацијата Отворено општество – Македонија сме посветени на градењето толерантно и инклузивно општество, отворено за учество на сите граѓани подеднакво. Поддршката и учеството на ромската заедница во подобрувањето на условите за пристап до образование, здравствени и правни услуги, но и за промена на перцепциите, ставовите и однесувањата кон Ромите останува наш фокус и понатаму

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8