03 Мај, 2024
0.0356

FORD победи со 1.0 литарскиот EcoBoost мотор

Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Малиот и  моќен 1.0 литарски EcoBoost мотор на Ford, петта година по ред, е прогласен за најдобар во својата класа.

Скромниот трицилиндричен Ecoboost мотор е прогласен за „Најдобар мотор под 1.0 литар“ од комисија составена од 65 автомобилски новинари од 31 држава и со тоа е неприкосновен победник во својата класа од негово лансирање. Судиите ја пофалија комбинацијата на управување, перформансите, економичноста, префинетоста и технологијата, кои го дефинираат стандардот што го поставува компанијата.

Оваа година, моторот на Ford се „бореше“ со 31 конкурентски мотор, 19 повеќе отколку во 2012 година. Значајно е тоа што 2015 година е време кога се зголеми глобалната конкуренција во мотори под еден литар со директно вбризгување. Во 2014 година, 1.0 литарскиот EcoBoost мотор стана Меѓународен мотор на годината по трет пат, а во 2012 година беше именуван како „Најдобар нов мотор“.

“EcoBoost моторот до 1.0 литар направи пресвртница и покрај другите кои ја следат нашата насока, тој останува неприкосновен лидер во својата класа петта година по ред. Духот на иновациите продолжува да не движи во насока на искористување на паметните нешта за нови ефикасни, чисти и моќни мали дизел мотори“, вели Џо Бакај, заменик – претседател за развој на продукти во Ford Europe.

Достапен со 100 КС, 125 КС и 140 КС, дури и 180 КС во Ford Fiesta R2 рели автомобилот, 1.0 литарскиот EcoBoost мотор ги движи Ford возилата во 72 држави. Во форматот 140 КС, моторот обезбедува поголем сооднос „моќност – рационалност“ и од Bugatti Veyron. Формула Ford верзијата со 205 КС го помина познатото Нинберг коло во Германија за 7 минути и 22 секунди, со што се проби пред домаќинот на супервозилата, вклучувајќи ги и 600+ КС Lamborghini Aventador, Ferrari Enzo и Pagani Zonda.

22

Единаесет модели, вклучувајќи Fiesta, EcoSport, B-MAX, Focus, C-MAX, Grand C-MAX, Toruneo и Transit Connect, Tourneo и Transit Courier и Mondeo, се достапни во Европа со овој многу наградуван мотор. Едно од пет нови Ford возила продадени во Европа во 2015 година се опремени со 1.0 литарскиот мотор, вклучувајќи, исто така и две од пет Fiesti.

Технологијата на Ford-овиот EcoBoost бензински мотор сега е „вметната“ во најновиот и најмал дизел мотор од Ford, 2.0 литарскиот EcoBluе, лансиран во Ford Transit годинава. Моторот го применува нискиот инертен момент на турбополначот, директно го вбризгува горивото под висок притисок, интегрирани вбризгувачки и издувни гранки, ребрастите ремени се поставени во масло и други елементи елементи на ниско триење со што обезбедува за 13% зголемена ефикасност на горивото и 20% повеќе вртежи. Глобално, Ford вклучува опсег на EcoBoost ефикасни мотори за гориво од 1.5 литарски, 1.6 литарски, 2.0 литарски и 2.3 литарски четирицилиндрични мотори и 2.7 литарски и 3.5 литарски V6 мотори. *

„Моторот што победи три пати и се уште добива гласови од поротниците, 1.0-литарскиот EcoBoost сега потенцира колку тој е важен за компанијата. Ова е фантастична потврда дека малите и многу ефикасни мотори за гориво не страдаат во други области, како што се моќ, префинетост и управување, а дури може и да помогнат во подобрување на овие елементи“, вели Деан Славниќ, ко-претседател на манифестацијата 18-тите награди за Меѓународен мотор на годината, која ќе се одржи во Штутгарт, Германија и уредник на меѓународното списание „Engine technology“.

333

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија