26 Април, 2024
0.0397

Формирано Европско јавно обвинителство: Што ќе истражува и гони оваа институција?

Објавено во: Свет 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Советот на Европската унија го одобри формирањето на Европското јавно обвинителство откако Европскиот парламент (ЕП) даде зелено светло на 5-ти октомври. Така, веќе може да се каже дека започнало создавањето на обвинителството.

Новата структура има за цел да ги обедини напорите на европските и националните сили. Европската обвинителска служба ќе биде задолжена за истрага и гонење на криминалци против буџетот на Европската унија (ЕУ).

Во моментов, само националните власти можат да ги истражат и да ги гонат измамите со европски фондови. Тие вклучуваат, на пример, намерна злоупотреба на структурните фондови на ЕУ или прекугранична измама за ДДВ. Нивната јурисдикција, сепак, се протега само во рамките на националните граници. Новата структура ќе има ексклузивни надлежности низ ЕУ.

Европското обвинителство ќе овозможи брза размена на информации, координирани полициски истраги, брзо замрзнување и конфискација на средства, како и апсење на осомничени лица зад граница. Таа ќе соработува со Агенцијата за криминална правда на ЕУ и со канцеларијата за борба против измама ОЛАФ, за да обезбедат успешното гонење и наплата на средствата, изгубени од измами.

"Благодарение на Европското обвинителство, кое ќе ги обедини напорите на националните обвинителства во еден европски орган, ќе се справиме со недостатоците на некоординирани национални истраги на мамењето со средства на ЕУ. Се надевам дека во иднина овластувањата на Европското обвинителство ќе бидат проширени и до прекугранични злосторства како тероризам и трговија со луѓе", коментира известувачот на Европарламентот Барбара Матера.

По одобрувањето на ЕП, Советот на ЕУ може формално да ја усвои регулативата за Европското јавно обвинителство. Се очекува да започне со работа во 2020 или 2021 година.

Обвинителство ќе биде формирано по постапката за зајакната соработка меѓу 20 земји-членки: Бугарија, Австрија, Белгија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Германија, Грција, Италија, Финска, Франција, Латвија, Литванија, Луксембург, Португалија, Романија, Словенија, Словачка и Шпанија. Други земји-членки можат да се придружат во секое време. Седиштето на Европското јавно обвинителство ќе биде во Луксембург со главен обвинител и обвинители од сите земји-учеснички. Тие ќе ги насочуваат секојдневните кривични истраги извршени од делегирани обвинители во земјите-членки.

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9