(ФОТО) Али Ахмети и Зоран Заев договараат кандидат за претседател
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2019
Фото: Алсат
Попладнево започна средбата помеѓу политичките лидери од владината коалиција - Зоран Заев и Али Ахмети во Клубот на пратеници околу можноста да се изнајде консензуален кандидат за претседател на државата пред изборите во април.
Претседателите на СДСМ и ДУИ повторно ги зближуваат ставувите по кусите недоразборања за време на кои едната партија распиша конкурс за аплицирање на потенцијални кандидати за шеф на државата, додека вторите донесоа одлука на состанок дека самостојно ќе одат со свој избор во албанскиот кампус.
Средбата следува откако ВМРО-ДПМНЕ во саботата ја одбра професорката Гордана Силјановска Давкова за нивниот претседателски кандидат. Се очекува на состанокот на кој присуствуваат и генералните секретари на двете партии да се споменат и првите имиња кои би биле прифатливи и за двете партии.
Пред состанокот премиерот Заев потврди дека по разговорите со Ахмети ќе оди и кај другите албански партии за да се најде заедничко решение.
– Прво ќе има средба со ДУИ, а потоа продолжуваме со БЕСА на Африм Гаши, како и со Мендух Тачи. Ќе направам напори и сакам да се видам и со Зијадин Села од Алијанса на Албанците и БЕСА на Билал Касами за да можеме да поразговараме и да видиме дали можеме сите да застанеме зад заеднички кандидат кој е прифатлив за сите граѓани од секаква политичка, етничка и социјална припадност. Верувам дека тоа е изводливо. Ако го направиме тоа, уште еднаш го потврдуваме „едно општество за сите“ и праќаме сериозна порака за охрабрување кон граѓаните за нашата одговорност да се надминеме себеси и да застанеме зад личност за која однапред веруваме дека ќе биде одличен претседател на Република Северна Македонија – изјави Заев.