26 Април, 2024
0.0336

(ФОТО) Анастасија - жената која сака да живее на Марс

Објавено во: Стил 12 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Анастасија Стефанова е една од првите жени кои сакаат да живеат на Марс.

Таа е родена во Русија и од мала сонува да стане космонаут и сака да го посети Марс.

Младата жена напиша книга за новинарство во вселената, но веќе презема нов чекор.

Таа стана дел од тимот за Црвената планета. Неодамна тие ја завршија мисијата во Јута.

„Имаме многу набиена агенда.  Секој си има свои обврски. Не обучуваат во областа на геологијата, информатичката технологија и науката"- раскажува Анастасија.

Од голема важност е тимската работа. Мрзливите луѓе не се добредојдени во овој тим.

Русинката вели дека треба да имаш смисла за хумор, за да одиш во вселената, бидејќи во спротивно нема да преживеш. 

Оваа година Анастасија ќе отиде до Северниот пол, а потоа ќе учествува во новата селекција на луѓе за мисијата на Марс. Од 100 луѓе ќе бидат избрани 40.



Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти