(ФОТО) АВТОМОБИЛОТ СЕ ПРЕВРТЕЛ НЕКОЛКУ ПАТИ: Македонци повредени во тешка сообраќајка кај Добриниште - Банско
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2018
Четири македонски граѓани оваа ноќ претрпеле сообраќајна несреќа на патот Добриниште - Банско. Сигналот за сообраќајна незгода е поднесен во 23:50 часот, објавија бугарските медиуми, мислејќи на дежурниот службеник во Дирекцијата на МВР - Благоевград.
Во областа на храмот "Свети Ѓорѓи Победоносец", автомобил со македонски регистарски таблички излетал од замрнатиот пат и се превртувал неколку пати.
Итна медицинска помош од Банско и Разлог биле на местото на настанот. Пожарникарите морале да го пресечат дел од автомобилот за да го извадат возачот и неговите тројца придружници.
Четирите жртви се сместени во болницата во Разлог, нема опасност за нивниот живот. Примерок од крв бил земен од возачот, пресе бугарската БТВ.
ФОТО: БГНЕС