03 Мај, 2024
0.0258

(ФОТО) ЕЛИТНИ ЖУРКИ НА СВЕТСКИ ЛИДЕРИ И БИЗНИСМЕНИ: Карти и до 500 000 евра, добивката на организаторите НЕВЕРОЈАТНА!

Објавено во: Свет 14 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Супербогати, светските лидери и славни личности следната недела се состануват во Давос на годишна „прослава на капитализмот“.

Стотици келнери, собраки, рецепционери и коктел мајстори стигнале во Давос како би можеле да го исполнат секој хир на светските лидери, бизнисмени и супербогати луѓе кои следната недела стигнуваат во швајцарските Алпи на годишниот Светски економски форум кој многумина го нарекуваат „прослава на капитализмот“.

И додека гостите, меѓу кои се бројни претседатели и премиери ноќта ќе ја поминат во еден од најлуксузните хотелски апартмани на светот, персоналот кој е донесен во Давос ќе спие во соби во кои ќе бидат сместени и по петмина, во кревети на катови.

Томас Клебер, директор на најлуксузниот хотел во Давос во кој ќе спие и престојува елитата, Grandhotel Belvedere, за Гардијан раскажал како хотелот донел дури 200 луѓе како дополнителен персонал. Фактор дека персоналот го турка во тесни соби го објансил дека тоа е најпополнетата недела во Давос, како и дека има малку место за гостите кои не доаѓаат на форумот, а камоли за дополнителен персонал.

Она што посебно „боде очи“ во споредба само со сместувањето на персоналот и гостите е главна тема на форумот-раст на нееднаквоста, односно се поголеми разлики меѓу богатите и сиромашните. Меѓу екстра персоналот во Давос се истакнува цела низа луѓе кои ќе се занимаваат само со една работа-мешање на коктели.

Организаторите закупиле 85 отсто од сите соби во Belvedere како би ги сместиле гостите, но и славните личности кои им доаѓаат а тоа се Шакира и Џејми Оливер.

Ни сам Клебер, поради тајноста, не знае точно кој се од гостите доаѓаат, но настаните, состаноците и забавите почнуваат од шест наутро и траат до наредното утро.

Меѓутоа, хотелот Belvedere многу добро и наплаќа на секоја компанија и секоја личност која сака да изнајми простор во хотелот за своја журка или одреден состанок.

Клебер не сакал да открие за кои цифри се работи, но за споредба, минатата година на една компанија од Силиконската долина и излегле во пресрет и и ја преуредиле гардеробата за краток состанок со претседателот на Естонија и тоа им го наплатиле шест илјади евра.

Сепак, тоа не е се. За да дојдат воопшто на Светскиот економски форум, учесниците мора да платат котизација која е дефинитвно најголема на светот. Основната котизација со која добиваат само пристап на состаноците чини околу 50 000 евра.

За да добијат пристап до се што се организаира на СЕФ, компаниите мора да издвојат околу 500 000 евра, што вреди за директор на компанија и четири лица во негова придружба, но секој од нив дополнителни 10 000 евра мора да издвои за карти.

Сите стратешки партнери добиле едно предупредување-ако донесат колега од работа, најмалку една од нив мора да биде жена. Стратешките партнери на форумот освен што имаат пристап до се, добиваат и возач и автомобил, а само сто компании усепале да станат стратешки партнер - Фејсбук, Гугл, Барклиз...


Од котизација Светскиот економски форум минатата година заработил околу 200 милиони евра. Една од најпосакуваните покани за журката во Давос е онаа за собир која заедно ја организаираат рускиот олигарх Олег Дерипаск и британскиот финансиер Нер Ротшилд во Дерипаскиниот дворец.

Пред неколку години, жителите на Давос повикале полиција во Дерипасковиот дом за време на журката бидејќи им сметала галамата од бендот Козак кој Дерипаск го донесол од Русија.

Журките на Дерипаск во Давос се познати по реки најскапи шампањци и вотки, куп руски кавијар, музички групи и секако-бројни руски манекенки.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место