ФОТО:Голем пожар во Шпанија, 9000 луѓе ги напуштија домовите
Објавено во: Свет 13 Мај, 2016
Шпанските власти наредија да се евакуираат 9000 луѓе од градот Сесен, затоа што настанал пожар од запалување на гуми.
Големиот облак од чад е видлив и од Мадрид, кој е оддалечен 30 км од местото на пожарот.
Со возила на Брзата помош се евакуирани луѓе со дишни проблеми, а другите самите ги напуштиле своите домови.
Во пожарот нема жртви, а штетата ќе треба да се утврди. Пожарникарите велат дека огнот е под контрола, а причините за пожарот ќе се утврдуваат. Постојат сомнежи дека пожарот е подметнат.