(ФОТО) ГОРИ ВО ХРВАТСКА: Оган беснее на Хвар
Објавено во: Балкан 21 Август, 2017
Голем шумски пожар се шири кај местото Стариград на Хвар во Хрватска.
Во гаснењето на огнот учествуваат повеќе пожарникарни служби.
Како последица на невремето и ветровите пожарот забрзано се ширел, зафаќајки големи површини шума. Густиот чад можел да се види и од Сплит.
Огнот е локализиран со учество на три пожарникарни служби и седум противпожарни авиони.Пожари има на повеќе локации низ Хрватска, а ветровите и таму ги отежнуваат условите за гаснење. Управителот на противпожарните сили на Задар вели дека можно е пожарот да е подметнат.
Пожарите се гасат и од воздух со авиони.