ФОТО: Град шампион на хрватскиот туризам…
Објавено во: Балкан 29 Август, 2016
За осум месеци од годинава во Ровињ имало пола милион туристи.
Од викенд во викенд Ровињ има најголем број ноќевања во Хрватска.
Се работи за град кој е во топ 10 дестинации години назад, а се чини дека и оваа година ќе биде по седми пат град со најмногу ноќевања.
Сепак, трговците се жалат дека заради елитниот и семеен туризам младите нема каде да излезат.
„Работата оди добро. Туристи има од секаде. Има Англичани, Австријци, Американци и многу ни е добро“ - вели Патрициа Конти, сопственичка на слаткарница.
Посетителите велат дека градот има убава архитектура, барови и ресторани.