15 Мај, 2024
0.0513

ФОТО: Град во кој платата е 1200 евра, а кирија 15 евра…

Објавено во: Стил 15 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Мариналеда е град во Андалузија на југот од Шпанија, со површина од 25 квадратни километри и 2700 жители.

bbbb

Додека во Шпанија има 27% невработеност, во овој мал град не е така. Воведена е листа за доселување и се чека и по две години. Изградени се 350 куќи, а за две години треба да се направат уште 250 куќи. Платите се 1200 евра, а киријата месечно е 15 евра и со тоа може пристојно да се живее во Мариналеда.

ccc

За сите жители градот обезбедил бесплатен интернет.

Луѓето сами си ги градат куќите, а еден од нив е Давид Гонзалес Молина.

Државата дава материјал, а откако куќата ќе се направи се плаќа по 15 евра месечно за да се рефундираат трошоците за материјалот.

Еднаш неделно има настан каде граѓаните се собираат и даваат идеи како може градот да биде подобар.

Градот има своја телевизија, радија, спортски центри, а граѓаните сами се организираат за чистење на улиците.

Криминал нема, па нема ни потреба од полиција во градот.

news-2016-Avgust_2016-Marinaleda_grad_235090353