04 Мај, 2024
0.0974

(ФОТО) ХИТЛЕР БИ ЗАРАБОТИЛ МИЛИОНИ КАКО СЛИКАР: Бајковитите дворци продадени за 400.000 евра!

Објавено во: Стил 24 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Акварелите и цртежите на Адолф Хитлер кои се направени на почетокот на 1900 година, се продадени за околу 400 000 евра на аукција во Германија.

Дури 14 уметници, на кои се украсени германски дворци и австриски цркви, се продадени овој викенд на аукција.

Најскап бил акварелот на кралот Лудвиг Втори, дворецот во Баварија, кој е продаден за 100 илајди евра од страна на купувач од Кина. Инаку , аукциската куќа сакала сите купувачи да останат анонимни и да се распознаваат само по земјата од која доаѓаат како што се Кина, Франција, Бразил, ОАЕ, Германија...

Adolf-Hitler-1

Според каталогот кој можеше да се виид на аукциите, повеќето парчиња го носат потписот на А.Хитлер, меѓутоа, германското ФАЗ се противи на тоа и наведува дека во прашање се фалсификати.

Пред служењето во Првата светска војна, Хитлер работел како сликар и тежел кон тоа да стане професионалец. Меѓутоа, тој два пати е одбиен од страна на Виенаската академија на уметност.

Иако многу тврдат дека неговите слики немаат голема вредност, на аукциите котираат прилично добро и продаваат за големи суми пари.