ФОТО: Хостел во Загреб отвара базен за гостите
Објавено во: Стил 14 Јули, 2016
Хостелот во центарот на Загреб има 14 соби со вкупно 69 кревети.
Swanky Mint - еден од најнаградуваните хрватски хостели наскоро отвара базен за гостите, така што ќе ја збогати понудата. Но, и резултатите во работењето во првите шест месеци оваа година се подобри од лани.
За дограба и базен кој треба да бидат готови за месец дена ќе бидат вложени 600.000 куни.
„Од почетокот пред три години инвестиравме 3 милиони куни, од кои 2.5 милиони куни во старт. Од нив 1.5 милиони куни беа кредит од Министерството за туризам и град Загреб со субвенионирана камата“ - вели сопственикот Андрија Пирнат.
За угледот на хостелот важно е и уредувањето, кое е спој на старото и новото.
Загреб има над 40 хостели, а најдобрите се издвојуваат по тоа што работат цела година. Тие се отворени за гости за време на важни настани и концерти.
Сопствениците на хостели велат дека од пролет до есен имаат најмногу гости и тоа Американци, Британци, Австралијци и други.