03 Мај, 2024
0.0311

(ФОТО) Каде беа министрите додека се одржуваше Богојавление - Водици?

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Денес, по повод православниот христијански празник Богојавление – Водици, министри од Владата на Република Македонија присуствуваа на традиционалните манифестации со црковни обреди и фрлање крст во светите води.

Заменик претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев и министерката за правда Рената Дескоска, присуствуваа на централната манифестација во Скопје, на чинот на фрлањето на Светиот крст во водите на реката Вардар, што се одржа на мостот Слобода, каде архиепископот охридски и македонски Г. Г. Стефан ги освети водите и го положи крстот во реката Вардар.

„Во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија на ценетото првосвештенство и на граѓаните на Република Македонија од православна вероисповед им го честитам денешниот празник, Богојавление Водици. Исто, посакувам како што симболиката на денешниот празник е дека со водата може да ги исчистиме сите лоши работи, посакувам сé што е лошо во оваа држава да се исчисти и ова да биде почеток на нова ера за Република Македонија. Се надевам дека во иднина ќе имаме поголем просперитет, економски напредок и подобар живот за сите граѓани. Ќе направиме сплотување на сите граѓани, и лошите случки од минатото ќе ги заборавиме и сите ќе се посветиме кон обезбедување на подобар живот се сите граѓани. Тоа е моја лична желба и се надевам дека ќе стане реалност“, изјави вицепремиерот Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев и министерката Дескоска му честитаа на Христијан Ниневски, кој оваа година успеа да го фати крстот во осветените води, како и на сите останати верници кои учествуваа во овој свет чин.

Заменик претседателот на Владата на РМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан присуствуваа на масовната манифестација во Охрид и му честитаа на среќниот граѓанин кој успеа да го фати крстот, посакувајќи да го следи среќа и добрина низ целата година.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески присуствуваше на прославата за Богојавление Водици во Прилеп, додека министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ присуствуваше на манифестацијата на реката Дрим во Струга.



Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ