04 Мај, 2024
0.0320

ФОТО:Кои две земји го имаат најубавиот граничен премин на светот?

Објавено во: Стил 10 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Високо во планините во Јужна Америка, се наоѓа најубавиот граничен премин на светот меѓу Еквадор и Колумбија.

granica-kolumbije-i-ekvadora-1453724330-78316

Овој граничен премин е необичен по две работи, тука се наоѓа најубавата црква во Колумбија и најсредените гробишта во Еквадор. На колумбиска страна на неколку км од границата се наоѓа светлиштето Лас Лахас. Црквата во готски стил е изградена меѓу 1916 и 1949 година, и се наоѓа во провалија од 100 метри. Под монументалниот мост кој црквата ја поврзува со другата страна тече реката Гаитара. Се верува дека тука во 18 век се случило чудо, кога мајка шетала со својата нема ќерка, се појавила Богородица Марија по што девојката прозборела.

На страната на Еквадор во највисокиот град Тулкан се наоѓаат најсредените гробишта. Гробиштата се опколени со обликувани дрвца кои можат да живеат до 500 години.

granica-kolumbije-i-ekvadora-1453724330-78318