05 Мај, 2024
0.0256

ФОТО: Летувалиште за кралеви и светски ѕвезди…

Објавено во: Стил 22 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Модерна и софистицирана, но во исто време и интимна и преполна со живот, Палма Де Мајорка е место каде се собира светскиот џет сет уште од 1838 година.

2

Многу познати ѕвезди го посетиле ова место. Шармот на Палма Де Мајорка се гледа во тесните улички на стариот град. Мултикултурата се гледа во архитектурата.

Катедрали, музеи се местата кои можат да се посетат. Палма Де Мајорка привлекува посетители од целиот свет.  Зад катедралата има урбаната плажа, а воедно островот може да се пофали со богат ножен живот.

3

Мајорка  е најголем остров во Шпанија. Се наоѓа во Средоземното Море и е дел од архипелагот Балеарски Острови.

Како и другите острови тука, и овој е позната туристичка дестинација и синоним за масовен туризам. Името потекнува од латинскиот јазик, а означува "голем". Главниот град на островот, Палма де Мајорка е исто така главен град на покраината Балеарски Острови.

4

5

Островот уште го нарекуваат и „Европска Флорида“.