(ФОТО) Летувате на Ситонија? Ова се плажи на вториот крак кои не смеете да ги одминете!
Објавено во: Стил 28 Јули, 2017
Ситонија дефинитивно ги поседува едни од најубавите плажи во соседна Грција.
Изобилуваат со примамлив бел песок, кристално бистра и тиркизна вода а сигурни сме и дека ќе ви станат едни од омилените поради пријатната атмосфера за опуштање која ја имаат.
Не е лесно да се одберат најубавите, затоа ние направивме листа од оние кои ги фалат туристите, а вие треба да ги посетите.
Kalamitsi
Плажа која има апсолутно сè – чисто море со прекрасна боја, ситен песок, простор колку што сакате, дел кој е одлично опремен со чадори и лежалки, како и таверни на сама плажа.
Karidi
Егзотиката на Ситонија се наоѓа токму тука. Многу лесно ќе се прелажете дека сте на некој остров на Кариби, што секако не е лошо.
Lagomandra
Супер чиста и уредна плажа, за оние кои не сакаат многу да истражуваат, туку играат на сигурно. Одлична е за со дечиња, за заљубени парови и за млади.
Kalogria
Песочна плажа со природна ладовина. Оваа плажа во сезоната е многу посетена, заради што е пожелно да одите порано. Најубавиот дел е оној близу Mango хотелот.
Orange beach (Kavourotripes)
Најпознатата плажа на Ситонија, посебно помеѓу оние кои сакаат авантуристички и недопрени места. Само внимавајте, бидејќи во екот на сезоната секогаш е полна.
Koviou
На 6 километри од Никити, оваа малечка плажа е со прекрасна боја на морето и со малку природна сенка. Одлична е за нуркање и авантури под вода.