ФОТО: Муслиман избоде Евреин во Стразбур
Објавено во: Свет 19 Август, 2016
Муслиман денеска со нож нападна Евреин во францускиот град Стразбур, јавуваат локалните медиуми.
Повредениот човек не е во животна опасност. Жртвата е рабин, а бил облечен во верска облека за време на нападот. Напаѓачот во моментот на нападот извикувал „Алаху акбар“ (Господ е голем). Сведоците велат дека муслиманот имал меѓу 30 и 40 години.
Полицијата го фатила напаѓачот, а како што јавуваат француските медиуми, лицето имало историја на психички проблеми.