29 Април, 2024
0.0278

(ФОТО) Одреден притвор за 11 мина, емигрантите пренесувани со луксузни автомобили

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

МВР соопшти дека е одреден притвор за 11 мина криумчари на илегални емигранти кои потоа биле сместени во Ваксинце и Лојане, а според фотографиите од најновата акција на полицијата може да се види дека тие биле превезувани и со луксузни марки на возила.

„На 15.02.2019 година, од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во Сектор за криминалистички истраги, при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и Регионалните центри за гранични работи „Исток“ и „Југ“, во координација со ОЈО за ГОКК, спроведе координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку грчко-македонската граница, остваруваат нелегален влез на територија низ Република Северна Македонија, по што од членовите на криминалната група се прифаќаат и превезуваат до Кумановско-липковскиот регион.

Криминалистичката истрага над организираната 20-члена криминална група со дефинирана структура и строга хиерархиска поставеност се спроведуваше од мај 2018 година, како и над еден полициски службеник кој ја помагал криминалната активност на групата.

ОСОСК до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против вкупно 21  лице, и тоа: Ќ.Н.(32), Ќ.М.(29), И.А.(38), С.М.(31), А.А.(33), Е.Г.(31), М.И.(47), У.М.(33), Ш.Е.(26) М.М.(27), Ј.Д.(42), Е.С. (30), M.E. (23), Е.О. (23), Е.Н.(28), А.М. (29), Џ.Б.(23), И.Р.(27), Љ.М.(42), Х.А.(48) и Љ.Т.(58) поради основано сомнение за сторени кривични дела „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в, „криумчарење на мигранти“ по член 418-б од КЗ на Р.С.Македонија и за „помагање“ во врска со истото кривично дело. 

Ќ.Н., Ќ.М. и И.А. заедно со организаторите задолжени за прифаќање и превезување на илегалните мигранти С.М. и А.А., со умисла и од користољубие, а со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, организирале криминална група во Република Северна Македонија, која од средината на 2018 година досега, организирале криумчарење на  лица илегални мигранти кои на територијата на Република Северна Македонија биле пренесувани илегално од Р.Грција преку т.н. „зелена граница“ во околината на Дојран и Гевгелија. Оттаму со помош на водичи мигрантите биле носени на претходно договорени локации, од каде се вршело нивно прифаќање од страна на лицата членови на групата со товарни и со патнички моторни возила. Илегалните мигранти биле превезувани до Кумановско-липковскиот регион, односно во селата Ваксинце и Лојане, каде биле времено сместувани и засолнувани во објекти на соработниците на криминалната група, а потоа криумчарени преку македонско-српската граница. Најголем број од лицата илегални мигранти кои биле криумчарени од страна на групата биле по потекло од Aвганистан, Пакистан, Ирак, Бангладеш и други земји од Блискиот и Далечниот Исток, кои претходно престојувале на територијата на Р.Грција.

Организираната криминална група, при реализирање на криумчарењето на илегалните мигранти, користела и повеќе други лица во својство на помагачи и соработници на криминалната група. С.М. остварувал контакти и средби со полициски службеник, со цел добивање на известувања за поставеноста на полициски патроли, контроли или заседи, како и информации за тоа дали криминалната група е предмет на истрага во МВР и насоки како да го прикријат нивното криминално делување.

Извршени се претреси во 20 објекти во Скопје, Штип, Радовиш и Струмица, по што лишени од слобода беа вкупно 16 лица, а еден е на издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 418-д. При претресите пронајдени и привремено одземени се 12 патнички моторни возила, 46 мобилни телефонски апарати, 36 сим картички, 17 држачи за сим картички, бела прашкаста материја, марихуана, пиштол кал.9 мм, воздушна пушка кал.4,5 мм ЦЗ, 112 куршуми, 5770 евра, 197.000 денари, 105 американски долари, 100 швајцарски франци во различни апоени, нотеси со телефони и податоци за лица, документи за патување во Грција и други документи.

Пријавените се изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна е одредена мерка притвор на 11 од кривичнопријавените лица и тоа на Ќ.Н., Ќ.М., И.А., Е.Г., Х.А., Е.Н., Љ.М., А.М., Ш.Е.,М.Е. и Е.О.. На останатите им е одредена мерка на претпазливост.“, гласи соопштението на МВР.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце