(ФОТО) ОВА Е ЧУДО: По три дена од земјотресот бебе најдено живо под урнатините
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2017
Спасувачите во Иран три дена по силниот земјотрес најдоа живо бебе под урнатините.
Во градот Сарпол е Захаб бебето е најдено живо и здраво иако било под урнатините.
Фотографијата на детето кое се смее се рашири на социјалните мрежи.
Многумина ова го нарекоа чудо и дека сепак во целата трагедија има и нешто добро.
Земјотресот беше од 7.3 степени, а загинаа 530 луѓе.
За 10 години ова е најсмртоносен земјотрес во земјата.