(ФОТО) ПОПЛАВИ: Будва под вода
Објавено во: Балкан 07 Март, 2018
Во Црна Гора има поплави, а Будва плива под вода.
Староградските улици во Будва се поплавени и одрони парализирале дел од градот.
Паѓале фасади од зграда, а морето се излеало на магистралата.
Според пишувањата на медиумите, пожарникарите со пумпи ја испумпуваат водата која се излеала.
И утре во Црна Гора ќе биде умерено до целосно облачно, со врнежи од дожд и грмотевици. На планините ќе има снег.