30 Април, 2024
0.0235

(ФОТО) Руска пепелашка: Од сиромашно девојче, до сопруга на руски милијардер

Објавено во: Стил 23 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Каде и да се појави сите го вртат погледот по неа. Таа е кралица на уличниот стил и руска пепелашка.

Елена Перминова ке родена 1986 година и денес меѓу милијардерските сопруги во Русија.

Пораснала во сиромашно семејство во Новосибирск каде што нејзе и на сестритe, на пример, слатките им биле ретка појава. На 16 година одлучила да го напушти домот, но упаднала во лошо друштво и во врска со дилер.


Набрзо во еден клуб била уапсена поради шверц на дрога и којзнае како таа приказна би завршила доколку не бил бившиот агент на КГБ, Лебедев. Иако соработувала со полицијата и им ги дала сите информациите што ги барале, Елена не била заштитена.


По писмото на нејзиниот татко ја спасува токму рускиот милијардер и медиумски магнат Александар Лебедев. Фактички тогаш Александер си купил преубава жена.

Денеска Лебедев е нејзиниот сопруг и татко на трите деца, а таа го нарекува и ангел. Со негова помош, Елена живее модерна бајка полна со луксузни патувања и брендирана облека.

Обожува да е облечена во последна мода па во гардеробата ги има сите најголеми модни имиња: Диор, Шанел, Фенди, Версаче...