04 Мај, 2024
0.0266

Фото: Samsung здивна, експлодираше и iPhone 7

Објавено во: Стил 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Samsung по долг период на тормозење на социјалните мрежи може да здивне од скандалот со небезбедните батерии на Galaxy Note 7 кои предизвикаа стотина експлозии, бидејќи е пријавен и првиот случај на запален iPhone 7 и тоа во самата кутија кога му го испорачувале на корисникот. 

Тој го порачал новиот iPhone 7 од интернет но, добил сосема неупотреблив смартфон кој бил целосно изгорен. Смета дека среќна околност е што ваков го добил смартфонот бидејќи ако го вклучел можел да се повреди. 

Сепак, овој инцидент многумина го сметаат за сомнителен и подметнат бидејќи од приложените слики постои сомнеж дека се фотошопирани. Се чека и на официјален одговор од Apple кој треба да го потврди или негира инцидентот.