(ФОТО) Тајното оружје на ИСИС, што го чуваат за последната битка!
Објавено во: Свет, Стил 07 Март, 2016
Ако ја има доволно, водата значи живот, но ако е премногу или премалку може да биде и смртна закана.
На Исламската држава не случајно главна цел и беше окупацијата на големата брана во северниот дел на Ирак и Сирија. ИСИС контролира шест од осум важни браните на реките Тигар и Еурат.
Овие ресурси за терористите се многу моќно оружје, бидејќи со пуштање на водата од браните би можеле да предизвикаат вистински хаос.
Експертот за истражување конфликти, Тобиас Фон Елен од Берлин, смета дека ова е тајното оружје на ИСИС кое го чуваат за последен удар пред нивниот пораз.
„Од една страна ќе предизвикаат огромна суша во некои делови од Ирак и Сирија, а други пак целосно би биле поплавени” – вели Елен.
Браната Табка е единственото засолниште каде припадниците на Исламската држава се најзаштитени.
Токму тука се кријат припадници на ИСИЛ, бидејќи сметаат дека никој, ниту американските ниту руските сили не сакаат да ја срамнат со земја браната, бидејќи тоа би имало несогледливи последици.
Браната е долга околу 4,5 километри и е висока околу 183 метри. Се верува дека терористите во браната држат и затвореници, а Табка им служи како бункер отпорен на бомби. Во тој бункер засолниште наоѓаат многу високопозиционирани команданти на џихадистите.