(ФОТО) Трамп им го позлати бизнисот, сега им цвета!
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2016
Фабриката Огава студио, која се наоѓа северно од Токио, е единствена која произведува маски со ликот на новоизберениот американски претседател Доналд Трамп.
Оваа фабрика работи деноноќно како би постигнала со „поплавата“ од нарачки кои следеа после прогласувањето на победникот на претседателските избори во САД.
Во оваа фабрика работат 23 работници кои се трудат на ден да произведат 350 маски со ликот на Трамп во однос на 45 маски, колку што произведувале пред изборите.
Работниците прво прават калап од гума, кој потоа го подготвуваат за фарбање. Маските се фарбаат во природен тен, додека на косата се додава малку жолтило. После тоа следи рачно исцртување на лицето и плави очи. Маските имаат интересен израз на лицето , како и фризура која е карактеристична за Трамп.
Овие гумени маски може да се купат во локални продавници за играчки или по пат на интернет, а чина 2400 јени или 22,4 долари.