(ФОТО) Убиен е најбараниот џихадист на ИСИС
Објавено во: Свет 08 Март, 2016
Првиот човек на Исламската држава можеби е убиен во нападите во западната провинција Анбар, јави ирачкото воздухоповство, пренесе Си-Ен-Ен.
Лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал- Багдад се наоѓал во провинцијата за време на нападите, а во моментов се чекаат детали дали некој го преживеал нападот.
Министерството за внатрешни работи на Ирак информира дека засега се знае дека девет џихадисти загинале, заедно со голем број телохранители на Багдад.
Од таму велат дека најверојатно Багдад бил убиен додека одел на состанок со високи лидери на ИСИС.