ФОТО+ВИДЕО: Аеродромот во Дијарбакир нападнат – дали ова е дело на курдските екстремисти?
Објавено во: Балкан 28 Август, 2016
Аеродромот во турски град Дијарбакир бил нападнат со ракети.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/cj4xDJoqHr8[/embed]Четири ракети биле истрелани во полициски контролен пункт пред ВИП салонот.
Се претпоставува дека напаѓачите биле курдски екстремисти. Нема жртви и распоредот на летовите не е нарушен, изјави гувернерот на Дијарбакир, Хусеин Аксои. Нападот ги натерал патниците и вработените да се засолнат.
Ракетите паднале во празен простор во близина на полициски контролен пункт на аеродромот, предизвикувајќи експлозии кои се слушнале во целиот град.
На местото на инцидентот веднаш дошла полицијата.
Нападот се случи само неколку дена по почетокот на турската воена офанзива во Сирија, која има за цел да ја уништи групата „Исламска држава“ и да ги спречи курдските борци да заземат територии.
Дијарбекир е главниот град во југоисточна Турција. Таму живее големо курдско малцинство, а курдски екстремисти се борат против власта триесет години.