05 Мај, 2024
0.0237

ФОТО+ВИДЕО:Дрон во кафуле ги послужува гостите

Објавено во: Стил 02 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

На фестивалот Dream and Dare, кој се одржува во чест на 60 годишницата на Техничкиот универзитет во Еиндховен, отворено е кафуле во кое гостите ги послужува дрон во облик на летечка чинија.

Студентите се занимаваат со изработка на дронови за користење во затворен простор. Овие студенти се надеваат дека еден ден дроновите ќе ни бидат како домашни миленици. Сметаат дека дроновите ќе го надгледуваат станот, ќе носат разни предмети и ќе извршуваат задачи.

Холандските студенти заклучиле дека нема подобро место од кафулето за тестирање на дронови. Дронот се доближува до гостинот, кој на мени избира пијалок, по што тој му ја носи нарачката.

Студентите раскажуваат дека овој дрон ги чинел 2.000 евра, но ако еден ден се произведува сериски, ќе биде поевтин.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/XUaMl28-Jdk[/embed]