ФОТО: Заврши медицинската евакуација: Македонскиот војник од Африка сега е на Инфективна клиника
Објавено во: Македонија 12 Мај, 2021
Рано утрово во Македонија од Централноафриканската Република пристигна македонскиот потполковник кој има симптоми на коронавирус. Веднаш бил сместен на Инфективната клиника.
„Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација, напиша на фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.