04 Мај, 2024
0.0246

(ФОТО) Ѕирнете во новиот дом на Анџелина Џоли

Објавено во: Стил 11 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

По разводот со Бред Пит, Анџелина Џоли веќе има нов дом. Една од најомилените холивудски актерки купи замок, кој и припаѓал на познатиот режисер Сесил Б. Деми во Лос Анџелес.

Имотот е со површина од 11 000 квадратни метри и лежи врз 2,1 акри земјиште во Лафлин Парк, еден од реоните на Лос Анџелес, популарен со многу жители-ѕвезди.

Деми живеел тука од 1916 година до неговата смрт во 1959 година, а во соседниот дом каде престојувал и Чарли Чаплин, режисерот го користел за студио.

Откако Џоли и нејзините шест деца се вселат во зградата со 6 спални и 10 бањи, меѓу новите нивни соседи ќе се личности како Натали Портман, Кристен Стјуарт и Кејси Афлек.

Куќата е со прекрасен поглед на Тихиот Океан, со махагонов мебел во трпезаријата, Вито скалила во фоајето, обемна дневна со камин и библиотека со рачно правени полици од подот до таванот.

Имотот беше на пазарот по цена од 24,95 милиони долари, а Џоли го купила по цена блиска до онаа откриле од недвижната агенција Hilton & Hyland кои ги обезбедуваат и фотографиите.