28 Април, 2024
0.0283

ФОТОГРАФИРАЊЕ ЛИВЧИЊА И ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМИ: Како МОСТ ги оцени изборите?

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Oд граѓанската асоцијација МОСТ велат дека изборите поминаа во фер и демократска атмосфера,  граѓаните гласаа слободно, а институциите имаа брза ефикасна реакција. 

Ова е оценката од МОСТ за текот на првиот круг од локалните избори. Фотографирањето на ливчиња, присуството на неовластени лица пред гласачките места,  избирачките одбори во соработка со полицијата ефикасно ги отстранувале, што не било пракса во минатото. Набљудувачите на МОСТ забележале и технички проблеми во спроведувањето на гласањето.

„На овие избори се формираа нови 3.480 избирачки одбори од страна на ОИК и дел од предизвиците во нивната работа се резултат на невоедначената обука која ја добија од страна на општинските изборни комисии, односно тие не постапуваа унифицирано во сите случаи. МОСТ забележа низа на случаи во кои избирачките одбори не дозволуваа гласање во име на друг и семејно гласање. Исто така, значително е намален бројот на лица кои се изјаснувале како неписмени и барале помош за да гласаат“- изјави Дарко Алексов од МОСТ. 

За гласањето на болните и немоќни лица спроведено пред денот на изборите, Алексов вели дека на овие избори продолжил трендот на намалување на бројот, кој според официјалните податоци на ДИК изнесувал 5.025 лица.

Набљудувачите и на МОСТ и на ЦИВИЛ во текот на изборниот ден регистрираа партиско агитирање, поткуп, неможност гласачите да го остварат своето право на глас, но и неправилности предизвикани од самите гласачи. Но, најголем дел на неправилностите, велат дека се навремено отстранети.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце