03 Мај, 2024
0.0262

(ФОТО+ВИДЕО) Едно езеро во светот стана пустина

Објавено во: Свет 19 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Рускиот космонаут Антон Шкаплеров објави фотографија од Аралското море од вселената, на која се гледа дека неговата вкупна површина во последните неколку години драстично е намалена.

Езерото на границата помеѓу Казахстан и Узбекистан е на катастрофално ниско. Тоа е намалено во последните 50 години поради помалиот доток предизвикан од хидрогеолошките работи на реките притоки Аму Дарја и Сир Дарја.

Водите од овие реки се користат за наводнување на полињата со памук во Казахстан и Узбекистан, а со оглед на тоа дека околу 20 до 60 кубни километри вода годишно се трошат за наводнување, нивото на езерото опаѓа за 20 до 60 сантиметри годишно.

Вкупната површина на езерото од 1960. до сега е намалена за 80% и уништени се скоро сите видови на живот во него.


Поради опаѓањето на нивото на водата во езерото има промени и на локалната клима. Од оваа причина се случи и изумирање на бројни видови на растенија и животни. Уништена е и риболовната индустрија, а некогашните пристаништа денес се наоѓаат и на 50 километри од сегашната обала на езерото.


Од 1989 година, езерото е поделено на Мало море на север и Големо море на југ, а доколку ништо не биде преземено, се верува дека јужниот дел од езерото ќе исчезене до 2025 година. Со изградба на брана на северот, дојде до раст на нивото во Малото море.

Засега Казхастан е заинтересиран за спасување на својот дел од Аралското море со помош на кредит на Светска банка, додека за Узбекистан производството на памук е позначајно.


Можеби ќе ве интересира

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор