04 Мај, 2024
0.0348

ФОТО+ВИДЕО: Која земја ја има најдлабоката подводна пештера во светот?

Објавено во: Стил 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Чешко-полски тим спелеолози објави дека ја открил најдлабоката подводна пештера во светот во источна Чешка. 

Храницката пештера крај градот Хранице, е длабока најмалку 404 метри. Таа Чешка ја пласираше на првото место пред италијанската Поцо дел Мерон, која е на длабочина од 392 метри. 

Се верува дека длабочината на Храницката пештера ќе биде уште поголема. Во пештерата бил спуштен робот опремен со апаратура за известување на длабочината и податоците се регистрирани од него.

Истражувањата во пештерата почнуваат уште во 1963 година.

Во 1995 година робот стигна на длабочина од 205 метри - најдлабоката точка дотогаш.